Белгија е ѓаволски силна и покрај смешниот кикс на Куртоа, невиден дебакл на Русите во Белград (Видео)
За титулата во Лигата на нациите ќе се борат Белгија, Франција, Шпанија и Италија.

Најдоброрангираната светска репрезентација, Белгија, со победа од 4-2 против Данска, го освои првото место во својата група и ќе разигрува со Франција, Шпанија и Италија за титулата во Лигата на нациите.
Ромелу Лукаку, кој беше двоен стрелец и сега голгетерот на Интер, има дадено 17 гола на последните 14 меча во дресот на националниот тим. Од друга страна, Данска доби мала надеж кога намали на 2-3 во финишот по катастрофалната грешка на белгискиот голман Тибо Куртоа, но Кевин де Бројне една минута подоцна стави точка.
Во Лигата Б, Србија неочекувано убедливо со 5-0 ја разби Русија, и тоа во комбинација со триумфот, а Унгарија над Турција на нашите северни соседи им донесе опстанок во Лига Б.
Ова е киксот на еден од најдоблрите светски голмани Куртоа: