Белгија е под притисок, ќе одговори ли на предизвикот?

6785 Грузија – Чешка (15.00 часот)

Чесите за малку не освоија бод против Португалија, а сега треба да видиме како ќе се снајдат во улога на фаворити против дебитантот на европските првенства. Ова е директен дуел за третото место во групата, со нерешено  ќе им биде многу тешко да се пробијат до осминафиналето. Чешка има серија од пет меча по ред на кои и дава и прима гол. Овие селекции никогаш не играле меѓусебе, а иако и Грузијците гледаат своја шанса токму денеска, тешко дека може да освојат повеќе од еден бод.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.89)

 

6786 Турција – Португалија (18.00 часот)

Португалците се провлекоа против Чешка, Кристијано Роналдо и другарите мора да одиграат подобро ако сакаат да го освојат првото место во групата и да избегнат можен дуел со Франција во осминафиналето. Искуството и индивидуалниот квалитет се на страна на Португалија, а публиката и инспирацијата ќе бидат адути на Турците. Последниот пат кога овие селекции игра меѓусебе, тоа беше во март 2022 во баражот за СП во Катар, Португалија дома победи со 3-1.

Предлог тип: ГГ & 3+ (2.18)

 

3532 БАТЕ Борисов – Динамо Брест (19.00 часот)

Динамо подобро ја стартуваше сезоната, после 12 кола во белоруската лига сезонава, има седум бода повеќе од БАТЕ. Динамо е најефикасен тим во лигата со 28 постигнати голови, има само два порази, но двата беа во последните три кола. БАТЕ во последните пет кола или победува или губи. Динамо на последните две гостувања во Борисов примаше по четири гола, но сезонава Динамо има подобри резултати и може да се надева на првата победа над БАТЕ по пауза од три години.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.12)

 

6793 Белгија – Романија (21.00 часот)

Белгијците се испромашуваа во првото коло и претрпеа шокантен пораз од Словачка и сега се под притисок дека мора да ја победат разиграната Романија која ја прегази Украина. На Романците им одговара што пак се во улога на аутсајдери, тие би биле задоволни и со реми, а можеби вечерва ќе бидат вратени во реалноста, но само ако Лукаку, Де Бројне и друштвото ја подобрат реализацијата која изостана во првото коло. Овие селекции никогаш не играле нерешено во меѓусебните дуели, а последен пат се сретнале пред 12 години.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.35)

 

4841 Гремио – Интернасионал (22.30 часот)

Гремио е во криза, има пет порази по ред, претпоследен е во бразилската Серија А, но има и два меча помалку од соседите на табелата, па со победа може да побегне од зоната на испаѓање. Во осумте досегашни кола, Гремио нема ниту еден нерешен резултат. Интернасионал има 14 бода од 8 кола и смешна гол-разлика 7-5. Гремио има дадено само 6 гола, проблем им е повредата на Диего Коста, па според овие показатели, домашните ќе се мачат да постигнат гол. Последните три меѓусебни дуели има беа со 4+ голови, но сезонава двата тима се многу неефикасни.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.97)

- Оглас -

Најнови вести