Селекторот на САД, Маурисио Покетино, со својата оптимистичка изјава дека неговиот тим може да стане светски шампион привлече големо внимание, но реалноста на теренот брзо ги приземји тие очекувања.
Во пријателски натпревар одигран во Атланта, Белгија убедливо славеше со 2-5 и покажа дека Американците имаат уште многу работа пред почетокот на Мундијалот.
Иако домаќинот започна одлично и поведе во 39-тата минута преку Вестон Меккени, кој реализираше по корнер на Робинсон, Белгија брзо возврати. Зено Дебаст со одличен удар од далечина израмни пред паузата и го најави пресвртот.
Во второто полувреме следеше целосна доминација на гостите. Амаду Онана донесе водство, потоа Шарл де Кетеларе беше прецизен од пенал, а шоуто го комплетираше Доди Лукебакио со два погодоци, од кои еден беше вистинско ремек-дело. Конечните 5-2 ги постави Патрик Агијеманг во финишот.
И покрај тоа што Руди Гарсија не можеше да смета на имиња како Тибо Куртоа, Ромелу Лукаку и Леандро Тросар, Белгија покажа класа и јасно стави до знаење дека САД мора да ги прилагоди амбициите.

