9.8 C
Skopje
понеделник, 13 октомври 2025

Белгија губеше, сега води на гости кај Велс (Видео)

Македонија ја нема очекуваната доминација против Казахстан, резултатот во Скопје е 0-0, а на дербито во групата Ј од квалификациите за СП во фудбал, помеѓу Велс и Белгија, стрелците се расположени.

Велшаните поведоа со 1-0 во осма минута, но сега резултатот е 1-2, а уште трае првото полувреме.

Де Бројне погоди од пенал, откако главниот судија доби повик од ВАР собата по едно играње со рака во 16-никот на Велс. Овој пенал делуваше шокантно за Велс, па само шест минути подоцна гол даде и Муние и Белгија направи пресврт.

- Оглас -

Најнови вести