6105 Белгија – Израел (20:45 ч.)
Белгија одигра разочарувачко Европско првенство и сега во дуелите од Лигата на нациите треба да покаже дека оваа селекција има квалитет да се врати во победнички ритам.
Израел е противник како по мерка затоа што Белгија ги добила сите четири претходни нивни меѓусебни пресметки. Израелците се селекција која најчесто игра со повеќе погодоци, а и Белгија сигурно нема да калкулира.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.18)
6114 Велс – Турција (20:45 ч.)
Турција одигра одлично Европско првенство, на кое стигна до четвртфиналето, во кое водеше со 1:0 против Холандија, но на крајот загуби. Велс за „влакно“ не се пласира на ЕП откако дома загуби на пенали од Полска, што само потврдува дека се работи за респектабилна селекција. Бидејќи се работи за прво коло од Лигата на нациите, не треба да има многу калкулации.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.12)
6112 Исланд – Црна Гора (20:45 ч.)
Две екипи кои имаат сличен квалитет. Далеку беа од пласман на ЕП и не се од калибар за настап на големи собири. Сепак, ова е почеток на едно натпреварување, мотивот сигурно е голем, а Исланд како селекција која ќе ја има предноста на домашниот терен, сигурно ќе се обиде да освои барем еден бод.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.70)
6126 Косово – Романија (20:45 ч.)
Романците изненадувачки паднаа во Ц сегментот од лигата на нации, а тоа е селекција која беше дел од ЕП во Германија ова лето и играше во осминафиналето. Косово е национален тим кој е во подем и посебно знае да биде незгоден на свој терен.
Тоа го има почувствувано и самата Романија која лани одигра без голови во меч од квалифкациите за ЕП. Цврстата игра со многу контакт и дефанзивна стратегија е главниот адут на Косово и тука не треба да има многу погодоци.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.24)
5619 Египет – Зелено’ртска Република (21 ч.)
Кога игра пред своите навивачи, Египет е фаворит дури и кога за ривал има многу посилен од Зелено’ртска Република. Сепак, дека знае да биде опасен опонент, Зелено’ртска Република покажа на Африканскиот куп на нациите, кога во јануари оваа година одигра 2:2 против фаворизираниот Египет. Токму тоа реми треба да биде поука за Фаворитот сега да заигра многу подобро.
Предлог тип: 1&0-3 (2.05)