Белгија и Холандија договараат заедничка лига

Андерлехт против Ајакс, Клуб Бриж со ПСВ Ајндховен… Вакви дуели би можело да гледаме во блиска иднина откако фудбалските авторитети од Белгија и Холандија открија дека се во преговори за заедничка фудбалска лига.

БеНе лига во Бенелукс без клубови од Луксембург е идеата која треба да се реализира, според дел од тамошните клубови, што поскоро.

Веќе има и неколку состаноци на луѓето што ги претставуваат најсилните клубови во тој регион, а засега сè уште не е дефиниран форматот и кои екипи би играле во заедничката лига на Белгија и Холандија.

Интересно е што Белгијците секако повеќе притискаат да се формира ваква лига, која, според нив, би била многу интересна со можност да им се приклучи по квалитет на топ 5 лигите во Европа, што засега ги сочинуваат Премиер лигата во Англија, шпанската Ла Лига, Серија А во Италија, Бундеслигата во Германија и француската Лига 1.

 

- Оглас -

Најнови вести