20.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Белгија има нов капитен

Јури Тилеманс е именуван за нов капитен на белгиската фудбалска репрезентација. Селекторот на Црвените ѓаволи, Руди Гарсија, ја довери капитенската лента на играчот од средниот ред на Астон Вила, пред други поискусни фудбалери во тимот.

„Тилеманс ќе биде нашиот постојан капитен. Досега ја делевме лентата со повеќе играчи, но сега донесовме цврста одлука. Тој има одлични односи со сите во екипата. Секако, Кевин де Бројне, Ромелу Лукаку и Тибо Куртоа остануваат важни лидери, но Јури ја добива лентата“, изјави Гарсија на прес-конференција пред квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Лихтенштајн.


Македонија ќе гостува на Белгија во Гент на 10 октомври, во еден можеби најважните мечеви во квалификациите за СП 2026.

- Оглас -

Најнови вести