Белгија ја „олади“ Шпанија во најголемата сензација досега на Евробаскетот

Репрезентацијата на Белгија ја направи најголемата сензација досега на Евробаскетот, откако предмалку ја совлада фаворизираната Шпанија со 83:73.

Во мечот од треттото коло од групата А, Белгија како целосен аутсајдер, без никаков резултатски притисок и се спротистави на „фуријата“ а до победата дојдоа благодарение на одличното второ полувреме кое што го добија со 51:40.

Со по 14 поени најефикасни беа Вили Хернангомез (Шпа) и Ману Лекумте (Бел).

Шпанија и покрај поразот останува на првото место, но може да биде помината од Турција со нејзина победа над Грузија.

Белгија, пак со овие големи два, дојде исто така до пет бодови, но се наоѓа на треттото место поради тоа што едната победа дојде по продолженија.

 

- Оглас -

Најнови вести