Белгија ја победи Романија и направи хаос во групата (Видео)

Белгија со 2:0 славеше над Романија во меч од второто коло на Е групата од ЕП. Со оваа победа Белгија стигна до три бода, исто колку што имаат и Романците, но со по три бода се и останатите две репрезентации од оваа група, Словачка и Украина.

Јури Тилеманс го отвори резултатот по само 74 секунди од почетокот, што е трет најбрз гол во историјата на ЕП.

Романија се обидуваше за израмни, но сите нивни надежи згаснаа кога Кевин де Брујне погоди за 2:0 во 80 минута.

- Оглас -

Најнови вести