Белгија победи и разочара, Канаѓаните немаа среќа и фер судење (Видео)

Белгија ја победи Канада со 1:0, но и разочара со играта како еден од главните фаворити на Мундијалот во Катар.

Канаѓаните изненадија со играта, особено во првото полувреме, кога ги стиснаа Црвените ѓаволи, но премногу не погодуваа, а и беа оштетени и немаа фер судење.

Сите утки на Канаѓаните, а ги имаше многу, ги казни Миши Батшуаји со победнички гол во 44-тата минута.

Трагичар на мечот беше Алфонсо Дејвис, кој промаши пенал за Канада во 11-тата минута, односно ударот што беше слаб му го одбрани Тибо Куртоа.

Втор фактор беше слабата реализција на поразениот тим, а Канаѓаните промашија дузина чисти шанси.

Трет и можеби и клучен фактор беше слабото судење на контроверзниот Замбиец Сиквазе.

Тој е познат по тоа што отсвири крај на меч од Африканскиот куп на нациите неколку минути пред регуларните 90, а вечерва во Доха беше изгубен, комплет со своите помошници и со судиите во ВАР-собата.

Канада беше драстично оштетена во 14-тата минута, веднаш по промашениот пенал, а имаше чист втор казнен удар за нив.

Сиквазе не го досуди, помошникот покажа офсајд, иако Еден Азар сам си ја врати топката во својот 16-ник, а таа дојде до противнички играч над кој беше направен фаул за пенал.

Офсајд во таква ситуација нема според правилата на ФИФА, а неми останаа судиите во ВАР собата.

Close-up on Canada Penalty shout from soccer

Во второто полувреме немаше гол и Белгија стартуваше на Мундијалот со победа од 1:0.

Во следното коло на 27 ноември од 14 часот Белгија ќе игра против Мароко, а од 17 часот Канада ќе ѝ се спротивстави на Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести