Фудбалската федерација на Белгија и официјално му врачи отказ на селекторот Доменико Тедеско. Оваа одлука не е изненадување затоа што уште пред неколку месеци се шпекулираше дека Тедеско ќе добие отказ.
За многумина беше збунувачки кога го видоа Тедеско на гала-свеченоста на ждрепката за квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Тедеско имаше договор со Белгија до 2026 година, но поради слабиот настап на Европското првенство 2024 година и разочарувачкото трето место во групата од Лигата на нациите, беше јасно дека оваа репрезентација ќе добие нов предводник.
Неколку имиња се во опција за наследник на Тедеско, а од неодамна се споменува дека нов селектор може да биде легендарниот француски голгетер Тјери Анри, кој добро ја познава белгиската репрезентација затоа што таму работеше како помошник-селектор за време на Мундијалот во Катар во 2022 година.
Белгија во квалификациите за СП 2026 година е во група со Македонија, а тука се уште и Велс, Казахстан и Лихтенштајн.