6959 Белгија – Португалија (21ч)
Големото дерби во нокаут фазата меѓу моментално највисоко рангираната селекција според ФИФА и актуелниот европски првак, ветува спектакл во Севилја по кој ќе се знае противникот на Италија во четвртфиналето.
Само еден од двата претенденти за континенталниот престол ќе продолжи со својот сон, неспорниот квалитет на двете селекции е гаранција дека ќе се гледа исклучително возбудлив меч во кој сигурно ќе има доста голови, а не се исклучува сценариото да се гледаат продолженија.
Помина нешто повеќе од половина век од првиот меѓусебен дуел на Белгија и Португалија, додека во последните пет средби Португалците славеа трипати, а во два наврати немаше победник. Последниот меѓусебен дуел кој беше пријателски, е единствен кој завршил без голови на овие две селекции, така што мали се шансите мрежите да мируваат кога во нападите играат голгетери како Кристијано Роналдо и Ромелу Лукаку.
Предлог тип: 3+ (2.12)
6958 Холандија – Чешка (18ч)
Тука се одлучува противникот на Данска во четвртфиналето, а сите знаци покажуваат дека Лалињата ќе се најдат таму. Фаворитската улога мора да биде оправдана бидејќи тимот на Де Бур одговори на критиките со лесно освојување на групата Ц каде што беше и Македонија.
Квалификациите за ЕП 2016 беа последни дуели на овие две селекции во кои Чесите изненадија и славеа двапати со 2-1 и 3-2 во Амстердам. Холанѓаните првпат на овој турнир нема да играат на „Јохан Кројф арената“, што може да одигра улога во мечот кој ќе се проследи во Будимпешта.
Холандија нема примено гол во последните четири победи, додека Чешка брои два од групната фаза.
Предлог тип: 1 & 0-4 (2.09)
5711 Бразил – Еквадор (23ч)
Кариоките го осигураа првото место во групата Б и пласманот во нокаут фазата на Копа Америка, но тоа не значи дека составот на Тите треба да застане со редењето победи. Во трите меча Бразил постигна 9, а прими само еден гол, па актуелниот шампион на Јужна Америка треба да продолжи во ист ритам и против селекцијата која последен пат ги надигра Кариоките во ноември 2004 година.
Бразил држи биланс од четири победи и реми во последните пет средби против Еквадор, во кои немаат примено ниеден гол.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.67)
5102 Венецуела – Перу (23ч)
Се води битка за последните две места од групата Б кои водат во нокаут фазата на Копа Америка, а според едно сценарио Венецуела и Перу може да се најдат таму, доколку добијат помош од Бразил.
Еквадор треба да загуби од Кариоките, а овие две селекции да ремизираат вечерва и со 5 бода на Перу, односно 3 на Венецуела, ќе бидат доволни за пласманот во четвртфиналето.
Дека има големи шанси да не се издвои победник во средбата, индицираат последните три меѓусебни средби во кои Венецуела и Перу ремизираа, двапати со 2-2 и еднаш без голови.
Предлог тип: X (3.0)
4847 Атланта јунајтед – Њујорк ред булс (21:30ч)
Двете екипи со лоша форма влегуваат во овој меч и само еден бод разлика на табелата во Западната конференција по девет одиграни натпревари.
Атланта не знае за победа веќе четири кола во кои освои три од максимални 12 бода, додека Њујорк издвои шест бода од претходните пет меча во кои три загуби.
Претходните меѓусебни дуели наговестуваат трв меч на „Мерцедес-бенз“ стадионот, ако се знае дека еден гол решаваше во четири од последните пет средби, а меѓу нив се памети едно реми од 3-3.
Предлог тип: 0-1I & 0-2II (1.79)