22.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Белгија сака на ЕП со сите победи (Видео)

Белгија го прослави пласманот на Европското првенство во 2020 година со нова победа, осма по ред во квалификациите, а максималниот учинок во И групата го продолжија со триумф против Казахстан од 2:0.

На „Астана“ арена гостите имаа потполна контрола на мечот и со головите на Мичу Батшуаи и на Томас Муние славеа очекувано и многу лесно.

https://twitter.com/ChelseaMCMV/status/1183377093133926401?s=20

Батшуаи погоди во 21. минута, а вториот гол беше дело на бекот на Пари Сен Жермен, Муние во 53. минута.

https://twitter.com/MeetOnome/status/1183387890480549888?s=20

Белгија беше првата репрезентација што осигура пласман на ЕП следната година, а вчера и се приклучи и Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести