6.8 C
Skopje
петок, 3 октомври 2025

Белгија со ѕвезден состав против Македонија во Гент

Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација Руди Гарсија го објави составот на фудбалери кои ги повика за престојните дуели против Македонија и против Велс во октомврискиот циклус од квалификациите за Светско првенство 2026 година. Помалку изненадувачки, на списокот се најде и Аксел Витсел кој веќе извесно време беше надвор од репрезентација. Витсел кој има 36 години, зад себе има 132 настапи за Белгија, што значи дека селекторот Гарсија сака да се потпре на неговото искуство.

Белгија на 10 октомври во Гент ја пречекува Македонија, а три дена подоцна ќе гостува кај Велс. Токму овие два меча може многу да решат во групата од квалификациите.

Македонија со 11 бодови од пет меча е лидер во групата, пред Белгија која има 10 бодови од четири средби, додека Велс е на третото место со 10 бодови од пет натпревари. Казахстан има само три бода од пет меча, а Лихтенштајн е без бодови.

Во составот на Белгија за престојните два меча беше јасно дека ќе го нема повредениот Ромелу Лукаку, но затоа тука се Де Брујне, Доку, Куртоа…

Ова е списокот на Гарсија за мечот со Македонија:

- Оглас -

Најнови вести