28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Белгијците нема да менуваат селектор

Фудбалската федерација на Белгија одлучи да го задржи селекторот Роберто Мартинес и по елиминацијата од Италија во четвртфиналето на ЕП.

Наместо отказ, Мартинес ќе добие уште една шанса да ја води најдобрата селекција на светот според листата на ФИФА и на Светското првенство во Катар идната година. Неговиот договор важи токму до следниот Мундијал, на кој Белгија ќе атакува на самата титула со оваа златна генерација, на која најголем успех ѝ е третото место на претходното СП во Русија.

Како што потврдија од таборот на Федерација, нема потреба за промени во стручниот штаб, иако Мартинес не можеше да го одведе еден од фаворитите до самата завршница на ЕВРО 2020.

 

- Оглас -

Најнови вести