Белгиски клуб за еден ден потпиша со девет играчи од Лил!

Во светот на фудбалот досега се видени безброј трансфери, но досега никогаш не се случило во еден ден девет играч од еден клуб да потпишат со друг клуб. Токму девет играчи од францускиот Лил во новата сезона ќе го носат дресот на Мускрон во Белгија.

Како се случи толку многу играч од еден клуб да потпишат со друг клуб во еден ден? Пред само месец дена, Мускрон беше купен од Жерард Лопес, кој е газда и на Лил. Токму Лопес реши малку да му помогне на својот нов клуб. Најголем дел од играчите кои се пратени во Мускрон се млади но талентирани. Дел заминаа како позајмени играч, а дел од нив потпишаа перманентни договори.

„Мускрон не го купи Лил, го купив јас лично“, неодамна зборуваше газдата Лопес, кој откри дека главна цел е да го одведе клубот до повисоко ниво. Сите девет играчи кои направија трансфер од Лил во Мускрон се меѓу 20 и 23 години.

- Оглас -

Најнови вести