13.8 C
Skopje
четврток, 6 ноември 2025

Белгиски прволигаш доби тренер кој има 28 години, денеска ќе дебитира, а коефициентот за победа не влева оптимизам

Белгискиот прволигаш Жерминал Бершот го промовираше 28-годишниот Вил Стил за нов тренер. Младиот англиски стратег го презеде кормилото од Хернан Лосада, кој пред неколку дена замина да биде тренер во американскиот тим на ДЦ јунајтед.

Стил досега беше помошник на Лосада, а дебито како прв тренер ќе го има вечерва, на гостувањето кај Еупен во меч од белгиското првенство.

„Хернан сакаше со него да заминам во ДЦ јунајтед, но решив да останам тука и верувам дека тоа е правилна одлука“, изјави Стил.

Во белгиското елитно првенство немало помлад тренер од Втората светска војна досега. Англичанецот има 10-годишно искуство како тренер, но сега првпат треба да биде главен на клупата.

 

- Оглас -

Најнови вести