Белгискиот репрезентативец тврди: Европското првенство не е регуларно

Белгија немаше проблеми и во групната фаза од Европското првенство забележат три победи во исто толку меча, па убедливо го освои првото место во групата. Најпрво беше победена Русија со 3:0, потоа со 2:1 беа подобри од Данска, а на крајот со 2:0 се радуваа во дуелот со Финска.

Белгија е селекција која мечтае за првиот голем трофеј на европските или светските првенства, а сега се меѓу главните фаворити. Сепак, дури сега следуваат вистинските предизвици за Белгија. Во осминафиналето го добија актуелниот европски владетел Португалија. Според костурот на ЕП, Белгија дефинитивно го има и најтешкиот пат за да стигне до златото. 

На сите три меча кои досега ги одигра, Белгија мораше многу да патува, а искусниот стопер Томас Вермален вели дека тоа не е коректно, посебно ако се знае дека одредени репрезентации практично играа на домашен терен.

„За жал, на овој турнир има репрезентации кои сите натпревари ги играат на свој терен. Тоа никако не е регуларно. Ние моравме да патуваме, а патувањата лошо влијаат на вашето тело. Двапати игравме во Русија и моравме да летаме по три часа по мечевите. Секако дека тоа лошо влијае на нас и не е фер, но мора да го прифатиме“, вели Вермален.

Белгија два меча играше во Санкт Петербург, а еден во Копенхаген. Сега Белгијците повторно мора да патуваат, и тоа во Шпанија, односно Севилја, каде што ги очекува дуел од нокаут-фазата против Португалија. Доколку Белгија слави во осминафиналето, ќе мора повторно да патува, и тоа во Минхен, каде што на „Алијанц арената“ ќе се игра четвртфиналето.

Полуфиналните дуели и финалето ќе се играат во Лондон, на „Вембли“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести