Белгиските навивачи со поддршка за Шведска, публиката по три часа си заминала од стадионот (Видео)

Натпреварот од квалификациите за Европското првенство помеѓу Белгија и Шведска не го дочека својот крај поради терористичкиот напад кој се случи во близина на стадионот, во кој беа убиени двајца шведски навивачи, а еден беше тешко повреден.

Гледачите на стадионот во Брисел доцна во ноќта останаа на трибините поради проценката на белгиската полиција дека тука ќе бидат најбезбедни и да се спречат евентуално нови напади.

Според информациите од Белгија, дури по три часа ѝ било дозволено на публиката да си замине, а комплетната евакуација на стадионот минала без никакви проблеми, со оглед на тоа дека напаѓачоит сè уште е во бегство и не е уапсен, иако е идентификуван како емигрант од Тунис.

Додека публиката чекаше вести дали може да си оди, домашните фанови покажаа солидарност со гостите и целиот стадион ечеше „Шведска, Шведска …“ во знак на поддршка на околу 700 навивачи на гостинската репрезентација, но и на фудбалерите и комлетната делегација на Швеѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести