Белград ќе биде домаќин на фајналфор турнирот во кошарка што го организира УЛЕБ, а претставници на Евролигата денеска и утре се на финални разговори во главниот српски град.
Првично домаќин на битката за титулата требаше да биде Берлин, но Германците откажаа порад пандемијата со ковид-19.
Таму немаше можност да има публика поради строгите протоколи во Германија, а Србите го кандидираа Белград со ветување дека ќе има публика на трибините во мај, кога ќе се организира турнирот за титулата во Евролигата.
Дел од српските медиуми веќе објавија дека сè е договорено, а официјално челниците на Евролигата ќе соопштат во среда дека Белград ќе биде домаќин на фајналфор турнирот.