Во кошаркарската Евролига вечерва се играат пет натпревари, а меѓу нив е и дуелот кој предизвикува внимание и возбуда не само кај нас туку и кај сите љубители на кошарката, во Белград се игра градското дерби.
Партизан е официјален домаќин, па ќе има огромна поддршка од трибините, но во Белградската арена ќе има и 1.000 гостински фанови за уште пожешка и понапната атмосфера.
Според квотите во Sport Lifе, благ фаворит за победа е Партизан. Минатата сезона, двата меѓусебни дуела ги доби тимот кој беше официјален гостин. Во двата тима има по неколку повредени играчи, но тоа нема да го намали значењето на мечот, ниту ќе засени чија било победа.
Вештачката интелигенција прогнозира победа на Ѕвезда од 79-73. На клупата на Партизан ќе биде Мирко Оцокољиќ како привремено решение додека клубот да најде нов тренер по заминувањето на Жељко Обрадовиќ.

Во Sport Life има богата понуда на игри. Секако, тука се опциите и да уплатите на број на поени, скокови и асистенции на голем број кошаркари, како и на број на скокови, асистенции, погодени тројки и направени лични грешки за секој тим посебно.


