Белградскиот котел го голтна балканскиот џелат – Партизан ги одмазди Шкупи и Олимпија (Видео)

Партизан успеа да ја елиминира екипата на Санта Клара и ќе игра во Конференциската лига на УЕФА, по триумфот во Белград вечерва со 2:0.

Црно-белите во прекрасен амбиент на својот стадион во Белград и со поддршка на извонредните навивачи успеја да ја анулираатнегативата од 1:2 од првиот меч и да го елиминираат балканскиот џелат.

Санта Клара претходно успеа да ги елиминира Шкупи и Олимпија, две екипи од просторите на поранешна Југославија, но падна на последната пречка во Белград.

Само за 120 секунди Партизан со два гола успеа да стигне до предност од 2:0, што му беше доволна за настап во Конференциската лига на УЕФА.

Репрезентативецот на Зеленортските Острови, Рикардо Гомес, погоди од пенал во 25-тата минута и тој погодок можете да го погледнете ОВДЕ.

Само две минути подоцна Синиша Станичанин ја искористи големата грешка на голманот на Санта Клара, Марко Роша, и погоди со глава за 2:0.

До крајот на мечот немаше промени, што го испрати Партизан во фазата по групи во новото натпреварување на УЕФА. Голот на Станичанин можете да го погледнете ОВДЕ.

Ждрепката за групите во Конференциската група на УЕФА ќе се одржи утре, од 13.30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести