35.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Белинда Бенчиќ за Швајцарија направи нешто не направил ни Роџер Федерер

Белинда Бенчиќ стана првата жена од Швајцарија која освоила златен олимписки медал во тенис. Швајцарката која има потекло од Словачка и беше шеста носителка, во финалето во Токио ја совлада Чехинката Маркета Вондрушова со 7-5, 2-6, 6-3.

Досега во историјата на ЛОИ, злато за Швајцарија во тенис имаа освојувано само Марк Росе во 1992 година и дублот Федерер/Вавринка во 2008 година.

Бронзениот медал во женска конкуренција го освои Елина Свитолина од Украина.

- Оглас -

Најнови вести