Белингам: Анчелоти е разочаран од мене поради една работа, се трудам, ама тешко ми е

Џуд Белингам во пресрет на вечерашната церемонија во Торино, на која ќе ја добие наградата Златно момче, даде интервју за „Тутоспорт“, весникот кој го доделува признанието.

Од „Тутоспорт“ објавија дека од 50 лица во жирито кои гласале, 45 му дале прво место на играчот на Реал Мадрид.

„Би сакал да им се забагодарам на сите кои гласаа за мене, ова е прекрасна награда. Јас сум трет Англичанец кој ја добива оваа награда по Руни и Стерлинг. Им благодарам на сите кои ми помогнаа, особено до тренерот Анчелоти, кој најде вистинска позиција за мене и ми даде слобода. Знам и дека го разочарувам во еден аспект, уште не зборувам шпански. Жал ми е, но имам потешкотии кои не ги очекував дека ќе ги имам. Признавам дека ми е тешко, но ветувам максимална посветеност при учењето на јазикот“, вели Белингам.

- Оглас -

Најнови вести