Белингам блеска во дресот на Реал, од неговите игри тријат раце и во Борусија Дортмунд

Ангажманот на Џуд Белингам од Борусија Дортмунд се покажа како вистински потег на Флорентино Перес и Реал Мадрид. Англичанецот уште во првата сезона се промовира себеси во еден од најдобрите фудбалери на „кралскиот“ клуб и сосема ги оправда парите кои беа вложени во него.

Реал Мадрид ѝ плати на Борусија Дортмунд 103 милиони евра, но оваа сума е без бонусите, а одличните игри на Белингам значат и нови милиони на сметката на „милионерите“. Точната сума на трансферот доколку се исполнат сите бонуси ќе изнесува 133.9 милиони евра, а тоа значи дека клубот од Дортмунд ќе заработи уште 30-тина милиони евра од трансферот на англискиот репрезентативец. Секако, ова е максималната сума доколку се остварат сите бонуси, во кој е и освојувањето на Лигата на шампионите.

Белингам оваа сезона одигра 36 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања, на кои постигна 21 гол, а имаше и 10 асистенции. Дел од бонусите се и одиграните минути, но и можноста да се најде во иделаната постава на Ла Лига и Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести