Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, е херојот на Англија, кој со гол само на една минута пред истекот на судиското надополнување на времето, успеа да го спаси Гордиот албион и да го однесе мечот во продолженија и да ги спаси Англичаните од срамна елиминација од Словачка во осминафиналето.
„Кога сте на 30 секунди од елиминација и се чувствувате дека ќе ја изневерите нацијата и тогаш со еден удар правите пресврт. Тоа е чувство кое не го сакам, но кога ќе дојде до тоа, тогаш чувството е прекрасно. Играњето за Англија е одлична работа, но и голем притисок. Да бидеш на терен и да постигнуваш голови, навистина се среќни моменти, но освен голот, мислам дека против Словачка одигравме многу добро, иако треба да бидеме поефикасни. Сепак, најважно е дека покажавме карактер, а во натпревар во којшто може да испаднете, луѓето си велат: ‘Тоа е вистински тимски дух, имаме екипа’“, рече Џуд Белингам по мечот со Словачка.