27.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Белингам денеска е опериран, нема да игра на првите десетина меча во новата сезона

Англискиот фудбалер Џуд Белингам пред 20 месеци на меч против Рајо Ваљекано се здоби со повреда на левото рамо играјќи за неговиот клуб Реал Мадрид, а дури денеска беше опериран, како трајно решение на проблемот.

Белингам на претходните 100 мечеви за Реал и за репрезентацијата играше со заштита на рамото, со што го намали ризикот од понатамошни повреди, но имаше непријатности. Уморен од оваа ситуација, играчот одлучи да се подложи на операција за да стави крај на сите свои проблеми.

Операцијата беше направена во Лондон, а проценките укажуваат на 12-неделно отсуство од терените, без брзање да се врати и со цел да биде 100 проценти подготвен кога ќе се врати.

Во Мадрид планираат тој да почне да игра во средината на октомври, што значи дека не е отпишан за првото Ел Класико против Барса на 25-26 октомври. Тој би требало да ги пропушти првите десетина меча на Реал во новата сезона, осум од Ла Лига и два од Лигата на шампионите, а ќе го нема ни во националниот тим на мечевите во септември и октомври.

- Оглас -

Најнови вести