Белингам доби најмала можна суспензија поради хаосот што се случи по мечот во Валенсија

Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам, заработи суспензија од два меча поради црвениот картон кој го доби во хаотичната завршница на дуелот Валенсија – Реал Мадрид. Мечот заврши 2:2, а Белингам даде гол, но тој беше неколку секунди откако судијата означи крај на дуелот.

Поради тоа што погодокот не му беше признат, Белингам жестоко реагираше, а арбитерот Хесус Манцано го исклучи. Во службениот записник кој Манцано по мечот му го дал на делегатот пишува: „Во 99-тата минута играчот Џуд Белингам е исклучен поради следните причини: По завршувањето на мечот, тој уште е на теренот и трча кон мене и со агресивен став почна да ми вика. Неколку пати повторуваше. Тоа е е*ан гол“, стои во официјалното соопштение.

Казната на Белингам се темели на Член 124, кој се однесува на омаловажување и навредување на судијата. „Обраќање кон судијата со омаловажувачки или безобразен став сè додека не се смета за тежок прекршок, ќе биде санкционирано со два или три меча суспензија или најмногу еден месец“, стои во правилникот на шпанскиот фудбал.

Белингам нема да биде во тимот на Реал Мадрид во следните две кола, и тоа на дуелите против Селта Виго и Осасуна.

- Оглас -

Најнови вести