Белингам е чудо, повторно се запиша во историските книги на Реал

Реал Мадрид синоќа со 4:2 го совлада Наполи во петтото коло од групната фаза во Лигата на шампионите и повторно во центарот на вниманието беше неверојатниот Џуд Белингам, кој постигна гол, имаше асистенција и сосема заслужено беше прогласен за играч на натпреварот.

Белингам во 22-рата минута му донесе водство на својот тим од 2:1 и се запиша во историските книги на Реал Мадрид.

Ова за Белингам беше 15-ти гол во 16-тиот натпревар за Кралевите и стана првиот фудбалер во историјата на Реал Мадрид кој постигнал гол на првите четири меча во Лигата на шампионите.

Уште еден податок кој делува неверојатно е дека англискиот репрезентативец уште сега постигна повеќе гола отколку во минатата сезона. Белингам, кој изминатото лето за отштета од 103 милиони евра од Борусија Дортмунд се пресели во Реал Мадрид, минатата сезона во дресот на Милионерите даде 14 гола.

- Оглас -

Најнови вести