Џуд Белингам е еден од најдобрите фудбалер оваа сезона, ако не е и најдобар и сосема оправдано се смета за фаворит за освојување на Златната топка. Тој е првиот класичен фудбалер од средниот ред, после Лука Модриќ, кој има можност да дојде до ова признание.
Сепак, легендарнито англиски фудбалер, Џејми Карагер, смета дека еден фудбалер од средниот ред е подобар од Белингам оваа сезона. Се работи за Фил Фоден од Манчестер сити, а еве што вели славниот англичанец за него.
„Џуд Белингам е ѕвезда на Реал Мадрид, но Фил Фоден ме потсетува на Зинедин Зидан. Белингам е феномен, но за мене Фоден е најприродно талентиран фудбалер во Англија. Фоден и Белингам се различен профил на фудбалери, но постојат аспекти од играта на Сити кои го издвојуваат од се она што Англија го имала до сега.“ – вели Карагер.