Еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид, Џуд Белингам смета дека Светското клупско првенство е важен настан и дека фокусот е да се освои трофејот. Шпанскиот гигант е дел од клубовите кои ќе бидат дел од планетарниот собир кој прв пат ќе брои 32 екипи.
„Секој трофеј е важен па така и тој од Светското клупско првенство. Тоа е собир на 32-те најдобри екипи од целиот свет кои се избориле за пласман на завршницата само по заслуги на нивните резултати. Токму затоа, за мене овој турнир има големо значење и сакам да го освоиме“, коментираше Белингам.
Реал Мадрид е во групата Х заедно со Ал-Хилал од Саудиска Арабија, потоа Паучка од Мексико и австриски Салцбург.