Белингам е злато вреден за Реал Мадрид, во судиското продолжение им донесе победа на Кралевите (Видео)

Џуд Белингам уште еднаш покажа дека е полн погодок на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, кој летово плати 103 милиони евра на Борусија за неговиот трансфер.

Белингам на сите четири натпревари за Реал Мадрид во Ла Лига досега постигна гол. Денеска голот е злато вреден за Реал Мадрид бидејќи го постигна во судиското продолжение за 2:1.

Голот на Белингам за победа може да го видите на следниот ЛИНК.

Претходно, Хетафе поведе со голот на Борха Мајорал во 11-та минута, по што до крајот на мечот се играше викторија пред голот на Давид Сорија.

Кралевите на стартот од второто полувреме израмнија на 1:1 преку Хоселу. Голот на Хоселу може да го видите ТУКА.

Реал Мадрид по четири кола има максимални 12 бода, додека Хетафе остана на четири освоени бодови.

- Оглас -

Најнови вести