Џуд Белингам денес ги минал лекарските прегледи и веќе нема пречка за потпис на договорот со Реал Мадрид. Тој на „Сантијаго Бернабе“ ќе остане до 2029 година и ќе заработува по 25 милиони евра по сезона.
Обесштетувањето кое ќе го добие Борусија Дортмунд е 103 милиони евра, но заедно со бонусите сумата достигнува 130 милиони евра, со што го надминува рекордот на Еден Азар од 115 милиони евра.
Откупната клаузула во договорот на Белнгам и Реал Мадрид е неверојатни една милјарда евра.
Англискиот репрезентативец имаше побогата понуда од Манчестер сити, но неговата желба беше да игра за Кралскиот клуб бидејќи очекува дека ќе биде носител на играта на Реал Мадрид.