Фудбалскиот клуб Хетафе побарал од делегатот во својот извештај за мечот Хетафе – Реал Мадрид да нотира дека во еден момент од средбата, Џуд Белингам му се обратил на Мејсон Гринвуд со навредливиот збор силувач.
Ѕвездата на Реал Мадрид беше снимен како му се обраќа на Гринвуд со силувач. Гринвуд пред две години беше обвинет и уапсен за домашно насилство и силување, но подоцна мајката на неговото дете ги повлече обвиненијата, иако дамката врз фудбалерот остана.
https://twitter.com/i/status/1753173162529800701