Белингам и официјално стана „крал“

Реал Мадрид денеска и официјално потврди дека Џуд Белингам е нов фудбалер на Кралскиот клуб.

Пред неколку дена Борусија Дортмунд објави дека се договорила со Кралевите за трансферот на Белингам, кој вреди 103 милиони евра плус бонуси.

Англискиот репрезентативец потпиша шестгодишен договор со Реал Мадрид и ќе заработува 11 милиони евра нето по сезона.

Тој се смета за еден од најдобрите млади фудбалери на денешницата, беше избран за фудбалер на сезоната во Бундеслигата, а во Мадрид доаѓа како наследник на Лука Модриќ и Тони Крос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести