Белингам и претходно го навредувал овој судија (Видео)

Исклучувањето на Џуд Белингам на дуелот против Осасуна предизвика многу реакции, а во Реал Мадрид го сметаат како еден од клучните моменти поради кој не успеаа да победат на гостувањето во Памплона.

Останува прашањето дали Белингам рекол една навредлива пцовка или нешто сосема поинаку, но шпанските медиуми открија дека на англискиот репрезентативец не му е прв пат да го навредува овој судија.

Арбитарот Мунуера Монтеро бил главен и на дуелот меѓу Реал Мадрид и Еспањол, кога решил да му покаже жолт картон на Белингам. Тогаш, фудбалерот на Реал Мадрид не му останал должен на арбитарот и се обратил со зборовите „какво гом*о“.

Тогаш Белингам не доби црвен картон, но затоа беше исклучен синоќа на дуелот против Осасуна.

 

- Оглас -

Најнови вести