9.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Белингам имаше специјален поздрав за навивачот кој го навредуваше (Видео)

Репрезентативецот на Англија, Џуд Белингам, на дуелот против Бетис го постигна својот 16-то погодок оваа сезона во 18-тиот настап за Реал Мадрид.

Фудбалерот на “кралевите” голот го прослави на својот препознатлив начин, но овојпат пред навивачите на Бетис, кои започнаа жестоко да го навредуваат. Во навредите посебно се истакна еден навивач, но Белингам на тоа возварти на тој начин што му испрати бакнеж.

И навивачот не му остана должен на англичанецот, па му покажа среден прст. Сепак, вербалниот и со гестикулации дуел заврши тука.

 

- Оглас -

Најнови вести