0.8 C
Skopje
понеделник, 2 февруари 2026

Белингам ќе ги пропушти следните шест меча на Реал, меѓу кои се и двата дуела од ЛШ

Реал Мадрид со судни маки го победи градскиот ривал Рајо Валјекано со 2:1 откако фаворитот даде гол од пенал за победа во 90+10 минута. Кралскиот клуб ги освои трите бода, но го загуби Џуд Белингам.

Англискиот репрезентативец мораше предвреме, само по 10 минути игра да го напушти теренот, и тоа поради повреда. Еден од предводниците во играта на Реал се пожали на повреда на бутниот мускул на левата нога.

По направените лекарски прегледи, констатирано е дека Белингам ќе мора да мирува еден месец, а очекувањата се дека нема да биде на теренот на следните шест дуели на Реал.

Белингам со сигурност ќе ги пропушти двата меча против Бенфика во нокаут-фазата од Лигата на шампионите, како и средбите од домашното првенство против Валенсија, Реал Сосиедад, Осасуна и Хетафе. Во отсуство на Белингам, неговата позиција се очекува да ја заземе Камавинга.

- Оглас -

Најнови вести