Џуд Белингам ќе се врати на теренot за Реал Мадрид во дербито со Атлетико, објави шпанскиот весник „АС“. Англискиот репрезентативец сè уште нема одиграно ниту еден натпревар во оваа сезона откако во јули му беше извршена оперирација. Белингам имаше проблеми со рамото уште од ноември 2023 година.
Фудбалерот за врска беше вклучен во составот на Кралевите при победата од 2-1 над Олимпик Марсеј во првото коло од главната фаза во Лигата на шампионите, но остана на клупата.
Целта на Реал Мадрид е Белингам да биде целосно подготвен за дуелот со Атлетико Мадрид на 27 септември. Дваесет и двегодишниот играч од средниот ред влегува во сè подобра физичка форма и најверојатно ќе биде стартер во градското дерби.
Првичните очекувања беа дека закрепнувањето на Џуд Белингам ќе трае околу 90 дена.