Репрезентативецот на Англија и член на Реал Мадрид, Џуд Белингам, синоќа ја доби престижната награда Златно момче за најдобар млад фудбалер во Европа, избор кој го организира италијанскиот „Тутоспорт“, а победникот се добива со гласање на новинарите од најпрестижните спортски редакции во Европа.
Англичанецот на доделувањето на наградата даде оригинална изјава, но вели и дека неговата цел е да освои што е можно повеќе трофеи.
„Секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди. Сонувам. Многу сум среќен што сум фудбалер на Реал Мадрид. Мојата цел е да освојам што е можно повеќе трофеи со Реал Мадрид и репрезентацијата на Англија. Секој ден на тренинг одам со желбата да бидам што е можно подобар, а во Реал ја имам таа шанса. Сакам да направам сè што е во моја моќ за екипата да победува секогаш кога е можно тоа“, рече Белингам.