Белингам може да добие суспензија од 12 меча, судијата кој го исклучи добива закани

Не стивнуваат реакциите по исклучувањето на Џуд Белингам на мечот против Осасуна, кога Реал Мадрид во саботата одигра само 1:1 во првенството. Според најавите од Шпанија, Белингам, кој беше исклучен поради пцовки упатени кон главниот судија Хозе Луис Мунуера Монтеро, може да добие суспензија и до 12 меча.

Дисциплинската комисија ќе има тешка задача да одлучи колку ќе го суспендира Белингам затоа што има протисок од реакции доколку англискиот репрезентативец добие суспензија само од еден меч.

Додека Белингам ја чека одлуката околу неговата казна, судијата кој му го покажа црвениот картон се соочува со смртни закани. Арбитерот Мунуера Монтеро морал да ги исклучи коментарите на неговите социјални мрежи откако почнал да добива сè повеќе коментари со навредливи содржини, а дел од нив биле и со закани кон него и кон неговото семејство.

- Оглас -

Најнови вести