Белингам: „Не го навредив судијата, употребив израз за самиот себеси“

Реал Мадрид направи голем кикс и одигра само 1-1 на гостувањето кај Осасуна, но како една од причините за лошиот резултат во редовите на „кралевите“ го сметаат исклучувањето на Џуд Белингам во 39-тата минута. На големо изненадување на сите, судијата во моменти кога не се случуваше ништо на теренот му покажа директен црвен картон на фудбалерот на „кралскиот“ клуб, а причината беа наводни навреди од страна на Белингам.

„Не му кажав ништо лошо на судијата. Јасно е дека станува збор за грешка во комуникацијата. Тоа беше израз, сличен на шпанскиот ‘joder’, а последица на тоа беше што нѐ остави со играч помалку. Не беше навреда, туку израз кој го употребив за самиот себеси. Драго ми е што има видео-снимки кои ќе го потведат тоа.“ – рече Белингам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести