12.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Белингам немал поим против кого ќе игра Англија во осминафиналето

Репрезентацијата на Англија како првопласирана во групата го чека дуелот од осминафиналето, каде за ривал ја доби селекцијата на Словачка. Џуд Белингам е еден од оние играчи кои треба да бидат предводници на Гордиот Албион, а интересно е дека тој воопшто не ни знаел кој е следниот ривал.

„Не ни знаев против кого играме додека ти не ми кажа“, рече Белингам по прашање на еден од новинарите. „Луѓето веројатно мислат дека ќе биде лесен меч за нас, но дефинитивно нема да биде така. Ќе биде тешко да ја пробиеме нивната одбрана. Ќе биде интересен меч, но мислам дека иамме самодоверба и можеме да ги победиме“, вели Белингам, кој е стрелец на еден од двата гола кои Англија ги постигна во досегашниот дел од турнирот.

Словачка заврши како трета во групата, но секако нема предвреме да се предаде против Гордиот Албион.

- Оглас -

Најнови вести