Реал Мадрид го освои трофејот од Лигата на шампионите, а Џуд Белингам беше еден од најзаслужните за новиот трофеј на Кралевите. Сосема заслужено е во потесниот избор и за Златната топка.
Сепак, еден момент од финалето на „Вембли“ го привлече вниманието. Многумина забележаа дека по доделувањето на пехарот, Белингам го немаше својот медал. Сите се прашуваа каде е, но фотографиите ја открија мистеријата. Англичанецот својот медал ѝ го подари на својата мајка, која мораше да се одрече од многу работи за успехот на својот син. Денис ја напуштила својата работа и домот во Бирмингам за да оди со својот син во Дортмунд, кога Џуд потпиша за Борусија и го следи секаде во текот на кариерата, па овој потег на младиот Англичанец наиде на одобрување кај светската јавност.
▪️ She dedicated her life to raising her children Jude and Jobe.
▪️ When her son Jude was signed by Borussia Dortmund, she left the comfort of Birmingham to accompany her eldest son in one of the most important steps of his career.
▪️ She is so important to Jude's day-to-day… pic.twitter.com/f75iATDxzE
— Football Factly (@FootballFactly) June 3, 2024