Белингам откри кој е најталентираниот фудбалер на Реал, не е ни Мбапе, ни Винисиус

Килијан Мбапе постигна хет-трик во победата над Манчестер сити (3-1) во Лигата на шампионите, но Џуд Белингам го сврте вниманието кон друг фудбалер на Реал Мадрид – Родриго, кого го смета за најталентираниот во тимот.

„Родриго е крајно потценет“, изјави англискиот репрезентативец.


„За мене тој е најталентираниот играч во тимот. Родриго може да направи неверојатни работи со топката… Го гледам што прави и се прашувам – како му успева? Ако пробам јас, веројатно ќе се повредам. Тој е човекот кој најмногу се жртвува за клубот. Сите знаеме дека неговата омилена позиција е на левото крило, но долго време игра на десната страна и никогаш не се пожалил.“

Белингам ги пофали и останатите двајца офанзивци на Кралевите, Килијан Мбапе и Винисиус јуниор.


„Нивната соработка веројатно ги плаши дефанзивците. За Килијан сите знаеме дека е посебен, но кога ќе почне да постигнува голови… тоа веќе е друго ниво. Погледнете само колку е самоуверен – може да му ја додадете топката во секоја ситуација“, посочи Белингам.

Англичанецот ќе го пропушти првиот натпревар од осминафиналето поради суспензија со жолти картони.

- Оглас -

Најнови вести