Реал Мадрид синоќа по подоброто изведување на пеналите, го елиминира Манчестер сити и се пласира во полуфиналето во Лигата на шампионите, а еден од хероите на Кралевите е Џуд Белингам.
Англичанецот, кој од сезонава го носи кралскиот дрес, во двата меча со Граѓаните водеше голема битка на средината на теренот со противничките фудбалери, а по пласманот во полуфиналето, каде што Реал ќе игра против Баерн Минхен, откри што барал тренерот Карло Анчелоти пред реваншот со Сити.
„Го видов Анчелоти како „зева“ пред реванш-натпреварот со Сити. Му пријдов и го прашав дали е уморен. Тој само ми рече дека му е досадно и дека мора да излезам на теренот и да го возбудам“, изјави Белингам.