Англискиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Џуд Белингам, изјави дека би сакал да го носи кралскиот дрес во наредната деценија.
Тој има старт од соништата во Реал Мадрид. Сезонава дури на девет меча во сите натпреварувања беше прогласен за играч на натпреварот.
„Во овој момент уживам во фудбалот. Луѓето во Реал и во репрезентацијата ми даваат слобода да играм како што јас сакам. Морам да ги исполнам големите очекувања бидејќи имав голем трансфер. Реал Мадрид е клубот во којшто сакам да играм во наредните 10 до 15 години. Доаѓањето во Реал ме унапреди, кога сте секој ден со соиграчи со таков победнички менталитет и квалитети, тоа ве носи на едно ново повисоко ниво, и ментално и физички“, изјави Белингам.