Англискиот репрезентативец Џуд Белингам летово за 103 милиони евра се пресели од Борусија Дортмунд во Реал Мадрид и тоа се покажа како одличен потег на Кралевите. Фудбалерот веќе постигна 16 гола на првите 18 натпревари за Реал Мадрид и со тој ефект се израмни со легендарниот Хрват Давор Шукер.
На поранешниот хрватски репрезентативец за првите 16 гола во дресот на Кралскиот клуб му беа потребни исто така 18 натпревари, но пред Белингам сега останува само еден фудбал. Португалскиот ас Кристијано Роналдо при својот престој во Мадрид за да дојде до бројка од 16 гола му беа потребни само 17 меча, односно еден помалку од Белингам и Шукер.