Белингам се појави пет минути, па го напушти тренингот со спуштена глава

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид и еден од најдобрите на светот во моментов, Џуд Белингам, го напушти денешниот тренинг само по пет минути трчање и предизвика страв кај фановите на Реал.

Утре Кралскиот клуб игра на домашен терен против Гранада, а Реал има голем број повредени играчи и не би било добро ако на листата се приклучи и Англичанецот. Шпанските медиуми објавија дека настапот на Белингам за утре е крајно неизвесен, но тренерот Карло Анчелоти има поинакво мислење.

„Џуд е уморен, имаше мала болка во коленото и не сакавме денеска да има контакт со други играчи. Ќе може да игра утре“, рече Анчелоти.

Во составот на Реал ќе бидат истите кои го победија Наполи, Лука Модриќ и понатаму е во аут, а веројатно во тимот ќе биде голманот Кепа Аризабалага, но само како резерва, меѓу стативите од прва минута ќе биде Андриј Лунин.

- Оглас -

Најнови вести