Белингам се правда: „Ги почитувам словачките фудбалери, пораката беше за моите пријатели на трибините“

Светската фудбалска јавност беше згрозена од потегот на Џуд Белингам, кога по постигнувањето на израмнувачкиот погодок против Словачка, гестикулираше со рацете на меѓуножјето. Многумина тоа го сфатија како провокација кон противничката екипа, но фудбалерот на Реал Мадрид на социјалните мрежи напиша дека тоа не се однесувало за фудбалерите на Словачка, тука за неговите пријатели на трибините.

„Се работи за интерна шега. Гестот е наменет за моите блиски пријатели кои беа на натпреварот. Ги почитувам словачките фудбалери и начинот на којшто играа денес“, напиша Џуд Белингам на социјалните мрежи.

https://twitter.com/BellinghamJude/status/1807510273500025212?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1807510273500025212%7Ctwgr%5Ea83c878eaee97e31a090ea2d989a3da3c1a215d6%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportske.jutarnji.hr%2Fsn%2Feuro%2Fnokaut-faza%2Fbellingham-objasnio-gnjusnu-gestu-svijet-je-ocito-pogresno-shvatio-stvari-to-je-za-bliske-prijatelje-15477032

- Оглас -

Најнови вести